Путин ја покажа својата работна соба во Кремљ на ученици

Претседателот на Русија Владимир Путин направи кратка екскурзија низ Кремљ и им ја покажа својата работна соба на 10 деца на кои претходно им врачи пасоши.

Во текот на церемонијата на доделување на пасошите еден од учесниците призна дека мечтае да ја види канцеларијата на рускиот претседател. Веднаш по официјалниот дел Путин му го исполни овој сон, поканувајќи ги децата во својата работна соба, пренесува „Взгљад“.

По патот од Екатеринската сала до работната соба Путин им раскажа на децата за Кремљ. Во кабинетот тој им го покажа на младите посетители на Кремљ своето биро. За спомен новопечените државјани на Русија се фотографираа заедно со претседателот на Русија.

Пред тоа, на свеченоста, Путин рече дека 10 лица на кои на Денот на Русија им се доделуваат пасоши, „на 14 години постигнаа многу, многу нешта успеаја да направат“.

„Вие покажавте најдобри квалитети – храброст, а некои од вас, дури и да самопожртвуваност... Со такви склоности, со такви квалитети ги имате сите шанси да постигнете во животот светли резултати“, рече Путин.

Путин првпат во историјата им врачува пасоши на млади Руси во Кремљ. Таквата чест ја имаа деца кои се истакнале во учењето или се покажале во екстремни ситуации. На пример, две девојчиња спасиле деца кои се давеле.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња