Путин: „Денот на Русија во светот“ е светол настан за многу земји

Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека прославата на празникот ќе им ги подари најдобрите и најнезаборавни впечатоци.

Претседателот на Русија Владимир Путин упати поздравно писмо до учесниците, гостите и организаторите на празничните манифестации по повод одржувањето на „Денот на Русија во светот“, се вели на сајтот на Кремљ.

„Овој значаен, разностран проект веќе се стекна со традиција, се покажа како светол настан во културниот и општествениот живот на многу земји. Тој им дава на нашите сонародници и пријатели одлична можност да се нурнат во атмосферата на празникот, да присуствуваат на концерти на талентирани руски изведувачи и уметнички колективи“, се вели во поздравното писмо што го пренесува ТАСС.

Путин изрази увереност дека прославите на високо ниво ќе им ги подарат на гостите најдобрите и најнезаборавни впечатоци. „И, се разбира, ќе придонесат за зајакнување на пријателство и меѓусебното разбирање помеѓу нашите земји и народи“, истакна шефот на руската држава.

Претседателот на владата на РФ Дмитриј Медведев исто така им го честиташе на  Русите Денот на Русија. Текст на честитката премиерот го објави на својата страница на „Фејсбук“.

„Честит Ден на Русија!“, напиша премиерот, придружувајќи ги честитките со фотографија од знамето на земјата.

Денот на Русија е национален празник на Руската Федерација. Утврден е со указ на претседателот на РФ од 2 јуни 1994 година. Согласно Законот за работни односи на РФ прогласен е за неработен ден. На 12  јуни 1990 година беше донесена Декларацијата за државниот суверенитет на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња