Околу 2,5 милиони луѓе учествуваа во Москва во празничните манифестации и масовни прошетки посветени на Денот на Русија. Ова го соопштува МВР на Москва на својот сајт во понеделникот, 12 јуни.
„Припадниците на полицијата заедно со претставници на Росгвардија и доброволните народни дружини ја обезбедуваат сигурноста на јавниот ред и мир“, истакнува прес-службата на МВР на Москва, пренесува „Лента.ру“.
Во Москва во понеделникот се одржа историска реконструкција во рамките на фестивалот „Времиња и епохи“ и други празнични настани.
На проспектот „Сахаров“ се одржа митинг на опозицијата кој учесниците се обидоа да го префрлат на улицата „Тверскаја“. Според податоците на полицијата, на протестот излегле 1800 луѓе. МВР соопштува за приведени, меѓутоа не го наведува нивниот точен број.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче