„Инцидентот се случи во пристанишниот град Севастопол на Кримскиот полуостров, на југозападот на Русија“, се вели во текстот на „Дејли Меил“.
Бомбата тешка еден тон беше уништена на 8 јуни. Беше идентификувана како германска авионска подводна бесконтактна мина од типот LMB. Според првичните податоци, во 1941 година била фрлена во текот на првите авионски напади врз Севастопол.
Стручњаците ја одвлекоа мината на отворено море, а потоа ја детонираа, затоа што мината се наоѓаше во близина на градот и подводниот гасовод, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче