Властите на Катар не гледаат потреба од руска помош

Катар нема потреба од руска помош во моментов, изјави во неделата шефот на МНР на таа арапска држава Мухамед бен Абдел Рахман Ал Тани.

„Русија ни понуди помош во случај на потреба, но во дадениов момент таква потреба нема“, изјави Ал Тани во програмата на телевизијата „Русија 24“, пренесува „Интерфакс“.

Тој исто така истакна дека таканаречената блокада на Катар засега нема последици за жителите на емиратот.

„Сѐ тече во обичен режим, сите си живеат како што си живееја. Животот продолжува – нема никакви сериозни последици“, истакна шефот на МНР на Катар.

Тој исто така изјави дека Доха ги смета за „слаби основите“ за почнувањето на кампањата против Катар од страна на низа арапски држави.

„Нам до ден-денес не ни доставија издржливи аргументи и факти кои би можеле да бидат причина за ескалацијата“, изјави Ал Тани, потенцирајќи дека Доха има намера да бара излез од настаната ситуација по пат на дијалог.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња