„Ова е Русија, во која се раѓаат многу големи луѓе кои му даруваат на светот многу големи идеи, кои го придвижуваат научниот прогрес кој го менува универзалниот историски процес“, се вели во видеото, објавено на сајтот „Жить.рф“.
Во видеото се споменуваат пронаоѓачот на радиото Александар Попов, првиот светски космонаут Јуриј Гагарин, научниците Дмитриј Менделеев и Игор Курчатов, режисерот Константин Станиславски, класикот Антон Чехов, балерината Ана Павлова, царот Петар I и многу други.
Творецот на проектот Игор Матвиенко изјави дека Денот на Русија е ден на обединувањето на луѓето. „За време на празникот особено остро ја чувствуваш својата нераскинлива врска со земјата, со пријателите, со колективите“, ги цитира неговите зборови Ura.ru.
Руската државна информативна агенција ТАСС подготви по повод Денот на Русија специјален проект со кој можете да се запознаете со историјата на симболите на државата – грбот, знамето и химната, како и донесувањето на Уставот на земјата.
Весникот „Взгљад“ пишува дека во понеделник, 12 јуни, во Москва ќе се одржи масовна програма за празнување на Денот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче