Документот е финалната фаза на процедурата за прием на двете земји и им дава статус на држави-членки на ШОС.
„Уверени сме дека соработката на Индија и ШОС ќе ги обележи новите насоки и ќе даде нов поттик на борбата со тероризмот во регионален контекст, напорите на ШОС ќе помогнат во поттикнувањето на мирот и стабилноста во Авганистан“, изјави премиерот на Индија Нарендра Моди. Тој истакна дека неговата држава станува членка на ШОС по 12 години учество како набљудувач и изрази увереност дека овој чекор ќе ја издигне соработката со учесниците во организацијата на ново ниво.
Пакистанскиот премиер Наваз Шариф им се заблагодари на земјите-основачи на ШОС „за постојаната и непроменета поддршка за членството на Пакистан во организацијата“. „Ние исто така сме му благодарни на генералниот секретар на ШОС и на целата екипа на ШОС за ефикасниот процес на нашето присоединување“, изјави Шариф.
На заседанието на Советот на шефови на државите-членки на ШОС, кое се одржа во проширен состав, учесниците потпишаа конвенција за спротивставување на екстремизмот и донесоа декларација за заедничко спротивставување на меѓународниот тероризам, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче