Симоњан: RT раскринка една од најголемите лаги за Сирија

Главниот и одговорен уредник на RT Маргарита Симоњан ја кани Кристиан Аманпур од Си-Ен-Ен да одат во Сирија.

Главниот и одговорен уредник на RT Маргарита Симоњан го коментираше видеото на RT Ruptly во кое таткото на повреденото при воздушен напад врз Алепо тригодишно момче Омран Дакниш, чија фотографија во 2016 година беше пренесена од западните медиуми, раскажа како се обиделе да ги искористат страдањата на неговото дете.

„Нашите новинари раскринкаа една од најстрашните лажни вести за Сирија. Следниот пат ќе ја земеме со нас Кристиан Аманпур и секој што сака. Единствено ако имаат храброст да поразговараат со момчето Омран и неговото семејство“, изјави Симоњан, пренесува RT.

Претходно портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ја коментираше таа информација и потсети како новинарката на Си-Ен-Ен Кристиан Аманпур во интервју со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров му покажа фотографија од детето и праша што може да му каже на неговото семејство. Захарова ѝ предложи на Аманпур, по примерот на RT, да направи чесна репортажа за детето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња