Путин: политиката на САД не се менува, кој и да е на власт во Вашингтон

Рускиот лидер исто така истакна дека Русија и САД треба да размислуваат за заедничка борба со тероризмот.

Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека американската политика останува непроменета, независно од тоа кој се наоѓа на власт во Вашингтон. Ова тој го изјави во интервјуто за режисерот Оливер Стоун. Дел од интервјуто беше објавен на каналот „Шоутајм“ (дел од компанијата Си-Би-Ес).

„Еве што е интересно: претседателите во вашата земја се менуваат, а политиката не“, изјави Путин.

Рускиот лидер исто така истакна дека Русија и САД се судираат со заеднички закани и дека не треба да забораваат меѓу другото и за можноста од понатамошно нуклеарно разоружување.

Путин потсети дека Русија и САД, без оглед на заострувањето на билатералните односи, во минатото повеќе пати ги поврзувале и сојузнички односи.

„Ние ја поддржувавме борбата на САД за независност. Бевме сојузници во Првата светска војна, во Втората светска војна. Сега имаме заеднички закани, поврзани со меѓународниот тероризам, со деградацијата на животната средина која реално му се заканува на целото човештво“, изјави рускиот претседател.

„На крајот на краиштата, ние натрупавме толку многу нуклеарно оружје, што тоа исто така стана закана за целиот свет. Не би ни пречело малку да размислиме за тоа. Има на што да работиме“, истакна Путин, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.