Според Песков, предмет на нападите, меѓу другото, е и сајтот на претседателот на Русија.
На барање на новинарите да објасни дали станува збор за вмешаност на американските специјални служби во овие напади, Песков одговори: „Јас зборувам за територијата на САД. Не би сакал да ја збунам јавноста со изјави дека зад тоа стои официјален Вашингтон. Зашто хакерски напад од територијата на која било земја не може да значи вмешаност на официјалните власти во тоа“.
Претходно МНР на Русија соопшти дека американските специјални служби ѝ се заканувале на Русија со масовни напади во сајбер-прострот. Преку протекување на информации во медиумите тие покажале дека можат во секој момент да ги напаѓаат клучните објекти на руската инфраструктура.
28% од нападите врз руската електронска инфраструктура се вршат од американска територија, додадоа од министерството.
Притоа Москва во повеќе наврати му предлагала на Вашингтон да одржат билатерални консултации за прашања поврзани со борбата против сајбер-криминалот. Меѓутоа, американската администрација секој пат одбегнувала комуникација, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче