Извадок од интервјуто објави агенцијата „Блумберг“.
„Би преферирал да не одам со него под туш. Зошто да го провоцирам? Знаете дека сум мајстор во џудо“, одговори Путин, пренесува RT.
Покрај тоа, Стоун го праша Путин дали смета дека рускиот закон, според кој се забранува пропагирање на хомосексуализам, манифестира дискриминација.
Рускиот претседател одговори:
„Воопшто, нема никакви ограничувања“.
Кремљ соопшти дека со нетрпение го очекува филмот на Стоун, изјави портпаролот на Путин Дмитриј Песков.
„Сакаме да видиме како Оливер Стоун го склопи материјалот. Тој е талентиран човек, речиси непредвидлив на творечки план, затоа ни е интересно“, рече Песков.
Филмот за Путин премиерно ќе се емитува на американскиот ТВ-канал „Шоутајм“ од 12-15 јуни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче