Путин: САД активно се мешаат во политичките процеси во целиот свет

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека САД се мешаат во туѓите политички процеси.

САД во целиот свет се мешаат во туѓите политички процеси, но за таквото ја обвинуваат Русија, иако фактички за Москва таквиот чекор нема смисла, изјави Владимир Путин во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

Според претседателот на РФ, „каде ѝ да покажеш со прст на картата на светот, секаде ќе ви се жалат дека американските официјални лица се мешаат во нивните внатрешни политички процеси“.

„Затоа ако некој, не велам дека тоа сме ние – ние не се мешавме, - но ако некој на некаков начин влијае или се обиде да влијае, или некако да учествува во тие процеси, тогаш САД немаат зошто да се навредат. Кој ни го кажува тоа, кој ни се лути нам за тоа што се мешаме? Вие самите постојано се мешате“, истакна Путин.

Шефот на руската држава додаде дека „ова не звучи како оправдување, туку како констатација на факт“.

„Секоја акција има соодветна контраакција. Но, повторувам, нам и не ни треба да го правиме тоа, затоа што не случајно ви кажав и вам, и на други претставници на средствата за масовна информација, неодамна бев во Франција и го кажав истото: претседателите доаѓаат и си одат, дури и партиите се менуваат на власт, а основната политичка линија не се менува“, изјави рускиот претседател.

Путин потенцираше дека на Москва не ѝ е важно кој ќе биде на чело на САД, затоа немало никаква смисла за Русија да се меша во изборниот процес, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња