„Тајм“: Пет земји, кои ќе влијаат на иднината на Русија

Магазинот „Тајм“ пишува за пет земји во светот кои можат да имаат влијание врз иднината на Русија.

Вниманието на светот денес е концентрирано на сложените односи меѓу Москва и Западот, но не треба да се заборават другите земји, чии односите со Москва во голема мера ќе ја дефинираат иднината на Русија, пишува „Тајм“.

Партнерството со Пекинг за Москва е важно, вклучително и поради западните санкции. Притоа авторот на статијата не верува дека тоа некогаш ќе прерасне во вистинско пријателство: според него, Кина со задоволство тргува со Русија, но истовремено се натпреварува за влијание, особено во Централна Азија. Покрај тоа, Пекинг во целина е задоволен од постојната ситуација на меѓународната сцена, додека  Москва, според авторот, сака да го промени во корен.

На второто место на листата е Јапонија. Меѓу придобивките од соработката со Токио тој ги наведува модернизацијата на индустријата со помош на јапонската технологија, како и можноста да се создаде противтежа на Кина. Сепак, во односите меѓу Русија и Јапонија стои територијалниот спор околу Курилските острови.

Почнувајќи ја операцијата во Сирија, Русија почна да игра значајна улога во регионот. И покрај фактот дека во оваа земја таа се најде на спротивната страна на барикадите од Саудиска Арабија, државите успеаја да се договорат и да го запрат деструктивниот за двете економии пад на цените на нафтата. Притоа, иако политиката на Вашингтон засега во целост му одговара на Ријад, не постои гаранција дека ќе продолжи и во иднина, истакнува „Тајм“.

Односите на Русија со Турција беа засенети од инциденти кои можеа да станат повод за војна - како пример авторот ги наведува соборениот руски авион и убиството на рускиот амбасадор во Анкара. Сепак, поради влошување на односите на Турција со Западот, Анкара и Москва имаат сè повеќе причини да се стремат кон потесни врски: на пример, да го изградат гасоводот „Турски тек“. Како причини за несогласување остануваат прашањата за улогата на сирискиот претседател Башар Асад и статусот на курдските територии во Сирија.

Венецуела, зафатена од криза, е на последното место на листата. Авторот истакнува дека на крајот на 2016 година државната нафтена компанија PDVSA, која е сопственик на американската нафтена компанија Citgo, ѝ заложи на „Роснефт“ 49,9% од нејзините акции. Ако Венецуелците не можат да го платат долгот во рокот што, како што наведува авторот, е многу веројатно, „Роснефт“ ќе биде на чекор од стекнување на контролниот удел акции во Citgo, а тоа ќе ѝ овозможи на Русија да се здобие со контрола над важните рафинерии во САД, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.