„Владимир Путин не само што го знае бројот на демократите, туку и секојдневно им ѕвони“, пишува „Њујорк Пост“. „И тоа, навистина, е пранк од највисока категорија“.
Американските демократи навистина веруваат дека минатата година Русија „ги хакираше изборите“ за да ѝ нанесе пораз на Хилари Клинтон. А Путин со радост ја потхранува таа „параноја, помагајќи да се парализира Вашингтон“, објаснува изданието.
Така, рускиот претседател претходно потенцираше дека Кремљ никогаш е учествувал во сајбер-напади. Но, допушти дека е можно руски хакери-патриоти да се вмешале во американските избори по сопствена инцијатива.
„Хакерите се луѓе слободни како уметниците; расположението им е добро, станале од сабајле и се занимаваат со сликање слики. Ако се расположени патриотски, почнуваат да го даваат својот удел – како што сметаат, правилниот – во борба со оние кои лошо зборуваат за Русија“.
На тој начин, смета изданието, рускиот претседател, очигледно, „ја потврди вмешаноста, без да ја признае одговорноста“. И тоа, веројатно, беше најдобриот начин да се предизвика негодување кај либералите и повици: „Тој го покрива Трамп!“.
Путин исто така призна дека сѐ уште се надева на тесна соработка со Вашингтон, кога сегашната „русофопска хистерија“, насочена против шефот на Белата куќа, ќе престане. На тој начин тој му ја даде на американското „движење на отпорот“ идејата дека Трамп ќе ги предаде САД ако тие тоа му го дозволат, смета изданието.
И на крај, Путин парираше на прашањето на водителката на Ен-Би-Си Меган Кели во врска со извештајот на американските специјални служби за „руската вмешаност“. Тој праша дали таа го читала тој извештај. Да, рече таа, јавната верзија.
„Односно никаквата. Јас ги читав тие извештаи“, злорадо одговори рускиот претседател. Со самото тоа тој даде до знаење дека го читал тајниот дел и дека неговото разузнавање пенетрирало длабоко во американската влада.
„Севкупно земено, тролинг за петка“, заклучува „Њујорк Пост“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче