Косачов: Русија е подготвена да се бори со Британија против тероризмот

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија Константин Косачов изјави дека Русија е подготвена да соработува со Велика Британија и другите земји од Западот во борбата против тероризмот.

Според него, нападот во центарот на Лондон е ужасно суров и извршен е со максимална пресметка на ефектот на заплашување. Косачов смета дека на терористите повеќе не им се доволни жртви, „нивните постапки се добро оркестрирани и развлечени – во време и простор – за да бидат видени од максимален број на сведоци“.

Британија третпат последниве неколку месеци е цел на терористи и тоа веќе не е само сплет на околности, смета рускиот сенатор. Според него, терористите ја напаѓаат земјата „чија политика долго беше најактивна во регионот каде тероризмот пушти корења; политика, за која многу иселеници од тој регион ја сметаат за непријателска и агресивна, која заслужува одмазда“.

 

 

„Русија од почеток беше подготвена да соработува со Велика Британија и останатите западни земји против оваа заедничка закана. Таму, на изворот, и овде, во нашите земји. Уште колку трагедии би требало да се случат кај нашите потенцијални сојузници во борбата против тероризмот конечно да се смени свеста? Или уште повеќе, перцепцијата на светот“, напиша Косачов на својот „Фејсбук“.

Ноќта меѓу саботата и неделата беа извршени два терористички напади во центарот на Лондон. Тројца мажи во комбе соборуваа пешаци на Лондонскиот мост, а потоа, на пазарот Боро, кој се наоѓа во близина на мостот, со ножеви почнаа да напаѓаат минувачи. Сите тројца се убиени од полицијата, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња