Русија очекува објаснување од САД по повод санкциите за Северна Кореја

Новите санкции против Русија предизвикуваат збунетост и разочарување, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков.

Русија се надева дека ќе добие објаснување од САД за воведените санкции против претставници на РФ во врска со Северна Кореја, изјави заменикот на постојаниот претставник на РФ во ООН Владимир Сафронков на седницата на Советот за безбедност.

„Би сакале да слушнеме објаснувања од американската страна во однос на објавеното на 1 јуни проширување на американските санкции во однос на Северна Кореја, под кои се најдоа три руски компании и еден граѓанин на нашата земја. Наведениот чекор предизвикува збунетост и длабока разочараност“, изјави Сафронков во петокот, пренесува РИА „Новости“.

Министерството за финансии на САД претходно соопшти дека Вашингтон воведе санкции против државјани на Русија и Северна Кореја во врска со развојот на нуклеарната програма на Пјонгјанг. Конкретно, под санкции се најдоа три руски компании и Русинот Игор Мичурин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња