Ова претседателот на Русија го изјави во рамките на пленарната сесија во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ).
„Имаме уште време. Ако работиме конструктивно, сѐ уште ќе можеме да се договориме за нешто. Don’t worry, be happy (Не грижете се, бидете среќни – заб. на ред.)“, изјави Путин, пренесува RT.
Претходно тој ја коментираше одлуката на американскиот лидер Доналд Трамп за напуштање на договорот за климатските промени.
„Ние треба да му бидеме благодарни на претседателот Трамп. Еве денес во Москва, велат, имало снег, овде има дожд, едно студенило. Сега можеме сѐ да им натовариме нему и на американскиот империјализам. Но, ние нема да го правиме тоа“, се пошегува Путин.
Притоа рускиот лидер го нарече добар договорот за климатските промени и правилен документ, наменет за спречување на климатските промени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче