Австриски министер: Обвинувањата на адреса на Русија се шпекулации

Министерот за внатрешни работи на Австрија Волфганг Соботка смета дека неговата земја не треба да се плаши од руската сајбер-закана, пишува „Ди Пресе“. Според него, обвинувањата против Москва се само „шпекулации“. Покрај тоа, „Русија отсекогаш била многу, многу учтива спрема нас“, додава тој, истакнувајќи дека Кремљ нема причини да влијае на нешто во неговата држава.

Во Москва се одржа средба меѓу министерот за внатрешни работи на Австрија Волфганг Соботка и неговиот руски колега Владимир Колокољцев, соопштува „Ди Пресе“. Тие дискутираа за прашања поврзани со борбата против тероризмот, организираниот криминал и сајбер-криминалот.

Изданието смета дека е интересно тоа што Соботка пристигна во посета на Русија во пресрет на предвремените избори во Австрија и потсетува дека Москва не ја обвинуваат за сајбер-напади само САД, туку и Франција. Сепак, австрискиот министер е убеден дека нема да се случи ништо слично во неговата земја. Според него, обвинувањата против Русија се само „шпекулации“.

Соботка истакнува дека Австрија не е во опасност. Наоѓајќи се на крстопатот на Истокот и Западот, неговата земја има за Русија поинаква важност од Франција и САД. „Русија секогаш била многу, многу учтива спрема нас. Ние не сме меѓународен фактор во прашањата за Средниот Исток или Либија. Затоа, руската страна нема причина да влијае на нешто во Австрија, во смисла на безбедноста“, изјави австрискиот министер, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.