Трамп: Русите сигурно ни се смеат

Во САД продолжуваат шпекулациите на темата „наводна вмешаност на Русија во изборите“.

Русите сигурно им се смеат на САД и бедното правдање на демократите поради поразот на изборите, напиша претседателот на САД Доналд Трамп на својот профил на „Твитер“.

„Руските официјални лица сигурно им се смеат на САД и бедното правдање на демократите со помош на лажните вести дека загубиле на изборите“, напиша Трамп,  пренесува „Взгљад”.  

Во САД продолжуваат шпекулациите на темата „наводна вмешаност на Русија во изборите“. Кремљ и Белата куќа ги отфрлаат сите обвинувања.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња