Машки хор од Австралија пее руски песни полни со болка и очај

Во малото австралиско гратче Малумбиби постои руски хор кој изведува руски песни, иако никој од 30 мажи не зборува руски. Пејачите не ѝ објаснуваат на публиката за што пеат, но наздравуваат со вотка.

Хорот „Дастјески“ (Dustyesky) се појавил во 2014годиа, кога директорот на музичкиот фестивал во градот Глен Рајт посакал на фестивалот да гостува и руски хор. А локалниот музичар Ендрју Свејн, кој со години мечтаел да раководи со хор, ветил дека ќе го организира тоа. Свејн слушнал стотина руски песни на интернет, одбрал три и почнал да бара пејачи.

По првиот настап на фестивалот „Дастјески“ станал популарен во својот град. Одвреме-навреме одат на гостувања, печатат свои маички и имаат околу 70 луѓе кои чекаат да се ослободи место во хорот за нив. „Кога еден 'камарад' нѐ напушта, му се јавуваме на првиот човек од списокот кој го чека својот ред“, вели Свејн.

Колективот и покрај популарноста нема свој албум и не се рекламира многу на „ЈУтјуб“. „Ние пееме песни полни со болка и очај за да вие почувствувате љубов и радост“,  ги објаснува Свејн целите и задачите на хорот.

„Јас ги сакам те песни. Рускиот јазик е фантастичен. Во него има толку многу страст која тешко ѝ се пренесува на публиката ако не знае руски“.

Мажите не ѝ објаснуваат на публиката што пеат, но креваат чашки со вотка за настапот да биде колку што е можно поавтентичен.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња