Московската велосипедска парада со рекордни 40 илјади учесници

Денеска во Москва учесници на возраст од 10 до 78 години направија цел круг на велосипеди по познатото Садовое кољцо.

Велосипедската парада во Москва собра околу 40 илјади луѓе – ова е рекорден показател за руската престолнина, соопшти Одделот за транспорт на рускиот главен град.

„Московските велосипедски паради последниве неколку години собираат десетици илјади фанови на велосипедизмот. Денешното возење беше рекордно по бројот  на учесници“, изјави заменик-градоначалникот на Москва за прашања на транспорт Максим Ликсутов.

Според властите, колона од 40 илјади учесници на возраст од 10 до 78 години направи цел круг по Садовое кољцо, по што велосипедистите и гостите на настанот ги очекуваше забавна програма. Во парадата учествуваа и претставници на Министерството за транспорт на РФ, владата на Москва и администрациите на соседните региони.

Велосипедската парада претставува кулминација на акцијата „На работа со велосипед“. Настанот е организиран од страна на проектот за развој на велосипедската култура Let’s bike it! и властите на главниот град.

Акцијата „На работа со велосипед“ се одржува во мај 2017 година во 60 градови во Русија. Во Москва кампањата започна на 19 мај и ќе заврши на 2 јуни. Во првиот ден учествуваа повеќе од 10 илјади луѓе, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња