Полска фактички изјави дека сака да ја види Белорусија во НАТО

Варшава го поддржува ширењето на Северноатлантската алијанса на југ и на исток, затоа што не сака да остане на периферијата на НАТО, изјави полскиот лидер Анџеј Дуда, говорејќи на меѓународната конференција за безбедност GLOBSEC-2017 во Братислава.

„Полска сака трансатлантската заедница со учество на нашиот регион да остане отворена за нови држави... Во наш интерес е да направиме да не останеме засекогаш пограничен регион“, изјави Анджеј Дуда.

Варшава во повеќе наврати има изјавено за наводна закана од Русија, постојано барајќи од НАТО да го зголеми воениот контингент во републиката. Од своја страна Москва повеќе пати има кажано дека за Русија е закана изградбата на ПРО на САД во Полска, како и зголемувањето на присуството на силите на Алијансата.

Во средата министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски ја повика Алијансата да ги активира каналите за комуникација со Русија за размена на мислења и консултации за конкретни проблеми, пишува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња