Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин објави на својот профил на „Твитер“ видео од првиот лет на новиот хеликоптер Ка-62.
Летот беше релизиран во фабриката „Прогрес“ во Арсењевск во четвртокот, 25 мај. Програмата предвидуваше лет во круг со брзина од 110 километри на час со траење од 15 минути.
Ка-62 претставува нова проекција на повеќенаменскиот воен хеликоптер Ка-60 „Касатка“, произведен 1983 година. Проектирањето на Ка-62, кој претставува цивилна варијанта, почна во 1992 година.
Макетата на леталото првпат беше прикажана во 2012 година на изложбата HeliRussia. Хеликоптерот со максимална маса од 6,8 тони е опремен со два мотори Turbomeca Ardiden 3G (Франција) со моќност од 1680 коњски сили и е способен да развива максимална брзина од 310 километри на час. Редукторот и трансмисијата на хеликоптерот се произведени од австриската компанија Zoerkler, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче