Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека протерувањето од Естонија на генералниот конзул на Русија во Нарва Дмитриј Казјонов и конзулот Андреј Сургаев е неосновано и провокативно.
„Овој потег на Талин го оценуваме како провокативен и неоснован. Се разбира, тој нема да остане без одговор. Отворено непријателската акција на естонските власти без сомнение уште повеќе ќе ги отежни билатералните односи кои Талин и без тоа ги однесе во ќорсокак“, се вели во коментарот на сајтот на МНР на Русија, пренесува RT.
Се наведува дека „она што се случи само потврдува дека владата на Естонија спроведува деструктивна политика која е во спротивност со долгорочните интереси на односите меѓу соседни држави“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче