Столтенберг одговори на споредбата меѓу Крим и Северен Кипар

На прашањето на новинар за почитувањето на територијалниот интегритет на Кипар од страна на Турција, која е членка на НАТО и која од 1974 година го окупира северниот дел на островот, формирајќи ја таму непризнаената Турска Република Северен Кипар, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „Северен Кипар не е анектиран од друга земја во Европа“.

„Но Северен Кипар не е анектиран од друга земја во Европа... Ако го наведувате овој пример, тогаш ќе се согласите дека Крим беше анектиран насила“, изјави генералниот секретар на НАТО, пренесува „Взгљад“.

Тој исто така истакна дека „кога Русија ќе почне да ги почитува границите (на Украина) и ќе престане да ги поддржува и финансира сепаратистите на истокот на Украина, тоа ќе биде најважниот чекор за подобрување на односите меѓу Русија и НАТО“.

Во мај минатата година како одговор на изјавата на Турција за „окупацијата“ на Крим портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова потсети на ситуацијата со Турската Република Северен Кипар.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња