Денеска врачена наградата „Алексиј II“ на македонскиот претседател Иванов

Во предвечерието на Денот на словенската писменост и култура, во Храмот Христос Спасител патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја предводеше XVII церемонија на врачување на наградите „Патријарх Алексиј II“ за истакната работа за зацврстување на единството на православните народи „За потврда и промовирање на христијанските вредности во животот на општеството“ за 2016 година.

Годинава лауреати се Папата Александриски и Патријарх на Престолот на  Свети Марко во цела Африка и на Блискиот Исток Тавадрос II, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Честитајќи им на лауреатите, патријархот Кирил зборуваше за заслугите на секого поединечно пред заедницата на словенските народи и им изрази благодарност за чувањето на моралните идеални на православието.

Патријархот му се заблагодари на претседателот на Македонија, истакнувајќи дека нашите земји ги обединува заедничката историја и традициите.

„Рускиот и македонскиот народ ги обединува заедничката историја, мисијата на светите Кирил и Методиј. Овде нашите предци првпат слушнаа богослужби на словенски јазик, беа воведени во духовната ризница на православната традиција. Верноста кон  исконските традиции на македонскиот народ и силната политичка волја му помогнаа на господинот претседател да ја заслужи довербата на сонародниците“, потенцираше патријархот Кирил, пренесува ТАСС.

Церемонијата на доделувањето на наградите по традиција заврши со концерт со дела од класичната, духовната и народната музика, пренесува „Росијскаја газета“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња