Американец сакал да ѝ продаде на Русија тајни податоци

Жител на американската држава Калифорнија, 49-годишниот Грегори Џастис призна дека сакал да му продаде тајни сателитски снимки на руското разузнавање, соопшти Министерството за правда на САД.

Според информациите на органите, Џастис, кој работел според договор со Пентагон, украл „тајна информација од сателити“ за да му ја продаде на човек кого го сметал за „руски разузнавач“. Всушност, под маската на тој „разузнавач“ се криел агент на ФБИ, пренесува „Взгљад“.

Американецот барал за снимките „илјадници долари во кеш“ и дури и му предлагал на „разузнавачот“ да го посети тајното претпријатие каде се произведувале вселенски апарати за воена намена.

Во меѓувреме американските медиуми соопштија дека загадочни руски сателити ги изненадиле стручњаците кога после долг период на неактивност почнале да демонстрираат ретки за толку мали вселенски апарати способности за маневрирање.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња