МВР на Русија приведе хакери кои заразиле со вирус милион смартфони

Припадниците на МВР на Русија приведоа група од 20 хакери кои се осомничени за кражба на пари од банкарски сметки со помош на тројанска програма.

Според информациите на полицијата, престапниците заразиле со вирус повеќе од еден милион смартфони.

Според верзијата на истрагата, во состав на криминалната група имало 20 лица кои живееле во различни региони на земјата. Организатор на незаконскиот бизнис полицијата смета дека е 30-годишен жител на Иваново.

Полицијата истакнува дека вирусот овозможил да се добие несанкциониран пристап до смартфоните кои работат во рамките на еден од мобилните оператори. Со помош на скриени СМС-команди криминалците можеле да префрлаат пари на претходно оформени сметки.

„Во текот на противправното работење, престапниците заразиле со тројански вирус повеќе од еден милион смартфони, а штетата од нивната активност надминува 50 милиони рубли (околу 800 илјади евра)“, објасни портпаролот на МВР на РФ Ирина Волк, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња