Дутерте: во светот можете да се потпирате само на Русија и Кина

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте во интервју за руските медиуми изјави дека во моментов во светот „можете да се потпирате единствено на зборовите на Русија и на Кина“.

„Ако ситуацијата во светот, вклучително и во однос на ИД, се влоши, јас не дека ќе бидам принуден, но ќе бидам отворен за одбранбени сојузи. А сега може да се потпирате само на зборот на Русија и Кина. Америка е лицемерна. Таму левата рака не знае што прави десната, така што секогаш ќе има проблеми, недоразбирања и ако не омраза, тогаш аверзија на еден спрема друг“, рече тој.

Притоа Дутерте потсети дека Филипините во текот на 400 години беа шпанска колонија, по што – кога Шпанија ја загуби војната против САД – преминаа под американската управа 50 години.

Претходно Дутерте изјави дека нема да им дозволи на САД да се однесуваат спрема неговата земја како спрема колонија“, пренесува „Газета.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња