Русија освои бронза на Светското првенство во хокеј

Репрезентацијата на Русија ги победи финските хокеари со резултат 5:3 и го освои бронзениот медал на Светското првенство во хокеј што се одржува во Келн и Париз.

Натпреварот против Финска се одржа во Келн. Русите водеа до крајот на вториот период со резултат 4:0, меѓутоа ја загубија предноста. При резултат 4:3 Русинот Никита Кучеров повторно ја зголеми резултатската разлика, поставувајќи ги конечните 5:3 (1:0, 3:1, 1:2), пренесува „Взгљад“.

Покрај Кучеров, голови постигнаа Никита Гусев (два), Владимир Ткачев и Богдан Киселевич.

Во финалето во недела ќе играат репрезентациите на Канада и Шведска.

Во саботата Русите загубија во полуфиналето од Канаѓаните со резултат 2:4, иако до третиот период водеа со 2:0.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња