Претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд изјави дека САД и Русија се блиску до потпишување на нов договор чија цел е да се избегне конфронтација во Сирија, пишува „Политико“.
„Како што ми се чини, Русите се полни со ентузијазам, затоа што планираме да го намалиме ризикот од избивање на конфликт во текот на спроведувањето на операциите“, изјави генералот.
Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис изјави дека борците кои ги поддржуваат САД во моментов водат борба за ослободување на Рака од терористите. Но, според него, тие не планираат да запрат на тоа и ќе ја продолжат својата кампања сѐ до долината на реката Еуфрат.
Ваквата кампања го зголемува ризикот од избивање на конфликт меѓу опозицијата и американските инструктори од една страна и владините сили кои ги поддржува Русија од друга. Според зборовите на Данфорд, Пентагон сака да го избегне тој ризик, пренесува RT.
„Ние со месеци работиме на намалување на ризикот од избивање на конфликт при спроведувањето на нашите операции и главната цел е да ја осигураме безбедноста на нашите пилоти, нашите војници кои се наоѓаат на терен и да овозможиме продолжување на оваа кампања“, изјави Данфорд. „Уверен сум дека последниве неколку месеци постигнавме напредок во тој поглед“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче