Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги демантира соопштенијата на медиумите дека во текот на неговата средбата со претседателот на САД Доналд Трамп разговарал за оставката на Џејмс Коми од функцијата директор на ФБИ.
„Ние таа тема воопшто не ја начнавме“, изјави Лавров во саботата во Никозија, одговарајќи на соодветно прашање, пренесува „Интерфакс“.
Претходно весникот „Њујорк Тајмс“ соопшти, повикувајќи се на неименуван извор, за наводен разговор на Трамп со Лавров на средбата во Вашингтон на 10 мај за поранешниот директор на ФБИ.
Претседателот на САД на 9 мај го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој ја водеше истрагата за наводните „врски со Русија“ на тимот на Трамп. Белата куќа ја објасни таа одлука со тоа дека поранешниот шеф на ФБИ ја загубил довербата кај Трамп.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче