Шеф на американска делегација на Крим прогнозира ублажување на санкциите

Шефицата на американската делегација на Крим и претседател на американскиот Центар за граѓански иницијативи Шерон Тенисон предвидува ублажување на западните санкции против кримскиот регион.

„Ситуцијата се менува и мислам дека тие промени ќе се случат во недолгорочна перспектива, туку, најверојатно, ќе се случат во блиска иднина. А тука зборувам за рокови од шест месеци, од 12 месеци. Тоа е она, што го гледам, анализирајќи ги информациите што ги добивам од американски и европски извори“, изјави Тенисон на прес-конференцијата во кримскиот прес-центар на МИА „Русија денес“.

Според неа, по укинувањето на санкциите, што задолжително ќе се случи, странците ќе почнат да одат на Крим и тој поток никој нема да може да го запре.

„Крим е безумно привлечен од гледна точка на недвижностите, пред сѐ“, потенцира Тенисон.

Според неа, некои дипломци на Центарот за граѓански иницијативи веќе инвестираат во кримскиот регион.

„Пред сѐ, тие го прават тоа за да потврдат и да им стават до знаење на сите дека Крим е руски“, потенцира Тенисон.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња