„Се работи за тоа дека сега се води студена војна, независно од тоа како ја нарекуваме. Таа има три фронта, а на секој од нив ситуацијата може да прерасне во вооружен конфликт од големи размери“, изјави Стивен Коен во разговор со новинарката Софико Шеварнадзе во нејзината емисија SophieCo на RT.
Според него, првиот фронт го претставуваат балтичките земји, во кои НАТО го зголемува присуството без преседан според своите размери.
Вториот фронт е во Украина, а граѓанскиот конфликт претставува всушност, како што вели тој, „индиректна војна меѓу Русија и Западот“.
Третиот фронт е во Сирија, потсетува Коен и истакнува дека руските и американските авиони летаат во истиот воздушен простор.
„Може да се случи сѐ што сакате. Затоа очекуваме дека нашето раководство (а особено претседателот на САД) ќе покажат политичка мудрост и ќе ја намалат формираната затегнатост, за да бидеме сите безбедни“, истакна политикологот.
Притоа тој додава дека тоа нема да биде едноставно затоа што шефот на Белата куќа Доналд Трамп е „парализоиран“ поради обвинувањата за „врски со Русија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче