МО на РФ објави панорамско видео од репетицијата на парадата на Победата

Министерството за одбрана на Русија објави на својот сајт видео запис од генералната репетицијата на парадата на Победата на Црвениот плоштад на 7 мај во формат од 360 степени, соопшти одделот за информација и масовни комуникации на рускиот одбранбен ресор.

„На официјалниот сајт на воениот ресор првпат е објавено видео од генералната проба на парадата на Победата во Москва со користење на технологија од „360 степени“ – таканаречена сферичка снимка“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека благодарејќи на таквиот начин на снимање, во текот на гледањето на видеото може самостојно да се менува насоката на камерата, создавајќи на тој начин ефект на присуство.

„За разлика од обичниот видео запис, на кој опкружувањето е претставено согласно режисерското сценарио, при гледањето на записот со употреба на оваа технологија гледачот самиот „се префрла“ во точката на снимањето и одбира каде „да го фрли погледот“самостојно... Особен ефект се постигнува при гледање на видеото со очила или шлем за ВР (виртуелна реалност“, соопштува Министерството за одбрана на Русија.

Парадата на Победата, посветена на 72-годишнината од победата во Втората светска војна, се одржа на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва. Учествуваа повеќе од 10 илјади војници и 114 единици техника. Поради неповолните временски услови  не учествуваше руското воено воено воздухопловство, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња