Анкета: Мнозинството руски граѓани очекуваат Путин да се кандидира во 2018

Претседателот на Русија Владимир Путин претходно изјави дека смета дека е прерано да зборува за своето учество на изборите за шеф на руската држава во 2018 година.

Мнозинството руски граѓани (80%) очекува дека претседателот на Русија Владимир Путин ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година, покажуваат резултатите од анкетата на Фондот за јавно мислење.

80% од граѓаните се изјасниле дека Путин ќе се кандидира за претседател во 2018 година, 9% сметаат дека нема да се кандидира, а 12% се нерешителни, пренесува „Взгљад”.

Путин на 15 мај изјави дека смета дека би било прерано да зборува за свое учество на изборите за шеф на руската држава во 2018 година.

Истражувањето на Фондот за развој на граѓанското општество покажа дека при ниво на поддршка за Путин од 61-66%, во случај на негова кандидатура на изборите, би дошло до дополнителна консолидација на избирачкото тело, што би му обезбедило поддршка од 70-75% од гласачите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња