Захарова ја коментираше ситуацијата во Македонија

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова во текот на брифинг за новинарите.

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова во текот на брифинг за новинарите.

Сергеј Пјатаков/РИА „Новости“
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова во текот на редовниот неделен брифинг во четвртокот се осврна на ситуацијата во Македонија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова на денешниот редовен неделен брифинг за новинарите зборуваше за ситуацијата во Македонија.

„На 17 мај претседателот на Република Македонија му го даде на лидерот на Социјал-демократскиот сојуз на таа земја мандатот за формирање на нова влада по завршувањето на вонредните парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година.

Ја истакнуваме принципиелната позиција на шефот на македонската држава, кој сметаше дека е можно да се оди на таков чекор при јавната потврда од страна на лидерот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија за откажување од реализација на цели кои ги поткопуваат суверенитетот и уставната архитектура на таа земја.

Се надеваме дека политичките сили во Скопје самостојно ќе ги определат патиштата за надминување на кризата, предизвикана од мешањето однадвор во внатрешните работи на Република Македонија“, изјави Захарова.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња