СЗО објави во која земја се пие најмногу, и тоа не е Русија

Жителите на Литванија се светски лидери по консумација на алкохол, велат резултатите за минатата година кои ги соопшти во Вилнус претставникот на Светската здравствена организација Гауден Галеа.

Според зборовите на директорот за неинфективни хронични болести и зајакнување на здравиот начин на живот на Европското биро при Светската здравствена организација, во Литванија во 2016 година просечната консумација на алкохол по глава на жител изнесувала 16 литри.

„Најновата статистика на тој начин ја прави Литванија најголемиот пијаница во Европа, како и земја во која најмногу се пие на светот“, изјави Галеа.

На второто место се наоѓа Белорусија, во која годишната потрошувачка на алкохол по глава на жител изнесува 15 литри. На третото место е Латвија, чии жители годишно пијат во просек по 13 литри алкохол.

Русија го дели со Полска четвртото место со повеќе од 12 литри алкохол по глава на жител.

Според информациите на СЗО, најдобрата ситуација во врска со решавањето на проблемите поврзани со алкохолот е во Западна Европа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња