Според податоците на Анкара терористите планираат да отворат оган врз руските бродови со долгоцевно оружје или со преносни ракетни лансери. Нападите можат да бидат извршени од копното врз точките во заливот каде бродовите се приближуваат на максимално кратко растојание до брегот. Турската полиција утврдила 146 такви места и поставила таму стража, соопшти турскиот весник „Хабер Турк“ (Haber Turk).
Покрај тоа, по одлука на Анкара, за секој руски брод кој плови низ Босфор е поставен полициски хеликоптер и два брода на Турската крајбрежна стража.
Борбените бродови на руската ВМФ редовно го преминуваат Босфор откај Средоземното и Црното Море. Далечниот поход на авионосната група на Северната флота кон брегот на Сирија започна на 15 октомври 2016 година и траеше до 8 февруари 2017 година, кога бродовите се вратија во Североморск, потсетува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче