Хејли ја повика РФ да ги признае „злосторствата против човештвото“ на Асад

Русија е должна да ги признае „злосторствата против човештвото“ кои се вршат во Сирија од Башар Ал Асад.

Со таков предлог излезе постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли по најавата за масовни убиства во сириските затвори, јави „Комсомољскаја правда“ во вторникот (16 мај).

Според неа согорувањето на телата на затворениците во „асадовиот крематориум“ потсетува на злосторствата против човештвото од 20 век.

„Ал Асад ја носи главната одговорност за сопствената суровост. Но, неговите сојузници во Русија и Иран, исто така носат тежок товар“, рече Хејли.

Таа тврди дека Москва и Техеран му „дозволиле на Ал Асад да ги одвлекува, тепа и убива луѓе без суд“, па дури и да врши воени злосторства во кои се користат хемиско оружје. Хејли и предложи на Русија да застане на иста страна со Западот против Башар Ал Асад.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња