Путин за ситуацијата во САД: „Нервоза во политиката и економијата“

Претседателот Владимир Путин на прес-конференција во рамките на посетата со во Кина заклучи дека во САД владее нервоза во политиката и во економијата.

Внатрешните борби во САД создаваат одредена нервоза во политиката и економијата. Ова го изјави во понеделникот (15 мај) рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во рамките на посетата во Кина, пренесува РИА Новости. 

„Во услови во кои во најголемите водечки центри на политиката и економијата гледаме поголем број елементи на неопределеност, да речеме во САД продолжува акутната внатрешнополитичката борба, што создава одредена нервоза не само во политиката, ами и во економијата“, рече Путин.

„Во Европската Унија сите со загриженост набљудуваат што ќе се случи со Брегзит, како ќе протече тој, какви ќе бидат резултатите“, додаде рускиот лидер.

Тој го коментираше и лансирањето на балистичката ракета во Северна Кореја, велејќи дека тоа не претставува закана за Русија. Во исто време Путин истакна дека во ваквите провокации „нема ништо убаво“. „Ракетните тестирања на Северна Кореја се неприфатливи“, изјави рускиот претседател,  пренесува Известија. 

„Русија е категорично против проширувањето на клубот на нуклеарни држави, вклучувајќи ја и Северна Кореја“, истакна Путин.

Претходно во понеделникот Северна Кореја официјално потврди дека во неделата спровела успешна употреба на балистичка ракета. Ракетата паднала во Јапонското Море, откако за прв пат достигнала висина од 200 километри.

Рускиот претседател зборуваше и за друга жешка тема - масовниот компјутерски напад кој, според прелиминарните податоци, засегна околу 45.000 компјутери во 74 земји. Откако го заразува компјутерот, вирусот бара од корисникот „откуп“ во биткоини, што е еквивалентно на околу 300 долари.

Според Путин ова не нанело суштински штета на руските институции, но во целина ситуацијата предизвикува тревога, соопшти „Росијскаја газета“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња