Јапонија сака соработка со Кина и Русија во врска со Северна Кореја

Јапонија смета дека за решавање на нуклеарниот и ракетен проблем со Северна Кореја треба да се постои тесна соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи ги Русија и Кина.

Ова го изјави на вонредна прес-конференција главниот секретар на Министерскиот кабинет на земјата Јошихиде Суга во неделата (14 мај), пренесуваат агенциите.

„Во моментов треба да се собереме и да анализираме многубројните податоци (за лансирањето на ракетите – заб. ред.). Треба да ја добиеме поддршката од САД, Јужна Кореја, како и од Кина и Русија, и во тесна соработка да реагираме на проблемот со Северна Кореја“ , истакна Суга. Истовремено, според него, сè уште не е јасно дали јапонскиот премиер Синѕо Абе наскоро ќе одржи телефонски разговори со лидерите на САД и Јужна Кореја во врска со последните лансирања на севернокорејските ракети.

Според податоците на јапонската влада, на 14 мај Северна Кореја лансирала балистичка ракета од северозападниот регион на градот Кусон. Ракетата полета околу 800 километри и падна на 400 километри од Јапонија, но надвор од нејзината економска зона. Последен пат Северна Кореја истрела балистичка ракета со среден дострел во овој регион во февруари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња