Ова го соопштија извори на Јужна Кореја, а пренесува Взгљад.
Претседателите си упатија меѓусебни покани за посета, со тоа што Сеул ги објави плановите да испрати специјален амбасадор во Москва, а рускиот претседател изјави подготвеност лично да го прифати.
Кремљ го потврди разговорот, додавајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата на Корејскиот полуостров, при што ја истакнале важноста за мирното решавање на проблемите.
Претседателите изразија заеднички интерес за понатамошен развој со заемно корисна соработка во политичката, економската и културно-хуманистичката област.
Новиот лидер на Јужна Кореја Мун Џе Јин е против распоредувањето на американските системи за противракетна одбрана (ПРО) во земјата и вети дека ќе започне дијалог со Северна Кореја за нуклеарната програма.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче