Путин ги нарече милитантните пристапи застарени и неспособни да ги решат постоечките проблеми на сегашноста, истакнувајќи дека тие го спречуваат создавањето на големото евроазиски партнерство.
„Нерамнотежа во социоекономскиот развој, кризата на досегашните модели на глобализацијата водат до негативни последици за односите меѓу државите, за меѓународната безбедност. Сиромаштијата, социјалната негрижа, колосалниот расцеп во нивото на развој на земјите и регионите создаваат почва за меѓународен тероризам, екстремизам и илегална миграција“, истакна претседателот на Русија.
Путин изрази уверување дека Евроазија е способна да ги надмине противречностите и да ги реши проблемите. Страните на континентот, според него, можат да развијат заедничка програма која ќе се одрази позитивно на сите држави. Со решавањето на проблемите согласно соработка и откажувањето од закани, Евроазија е способна да му покаже на светот пример за заедничка, иновативна и конструктивна иднина, изјави претседателот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче