Абас истакна дека мирното регулирање на конфликтот е невозможно без учество на Москва, соопштија Еуроњус (Euronews), а пренесува Ино.TV.
„За палестинско-израелскиот конфликт има само политичко, преговорно решение врз основа на меѓународното право. Нагласувам дека мирен соживот на двете држави - Палестина и Израел - е неопходен услов за обезбедување на безбедноста и стабилноста во овој регион“, рече рускиот претседател.
Махмуд Абас од своја страна, рече дека решавањето на конфликтот е невозможно без учество на Москва. „Ние веруваме дека меѓународната заедница има одговорност во борбата против тероризмот и екстремизмот. Ова е една од нашите приоритетни задачи. Веруваме дека слободата и независноста на нашиот народ е залог за победата над екстремизмот, како и воопшто за мирот и безбедноста во нашиот регион“, изјави палестинскиот претседател.
Истовремено министерот за надворешни работи на Палестинската автономија Ријад ал-Малики изјави во интервју за РТ дека Русија има важна улога во процесот на решавање на палестинско-израелскиот конфликт. „Ние сме целосно убедени дека Русија има важна, главна и основна улога што може да ја одигра во овој политички процес“, изјави министерот, додавајќи дека веќе подолго време Русија се обидува, со поддршка на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН , да свика мировна конференција во Москва. Од друга страна, според него, односите на рускиот претседател Владимир Путин со претседателите на Палестинската автономија и Израел Махмуд Абас и Бенјамин Нетанјаху даваат шанса на Русија да биде активна и „да ја одигра, доколку сака, својата улога“.
„А, таква желба се манифестираше кога претседателот Путин се обиде да одржи средба во почетокот на септември минатата година, на која ги покани двајцата лидери - Махмуд Абас и Бенјамин Нетанјаху, да одржат еден вид самит. Веројатно оваа средба можеше да се одржи доколки Нетанјаху во последен момент не се беше откажал од учество на настанот“, смета дипломатот.
Рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот лидер Махмуд Абас одржаа средба во Сочи на 11 мај, во рамките на која првиот човек на РФ изјави дека односите со Палестина се од особено значење за Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче