Кондолиза Рајс: САД ќе ја казнат Русија за мешање во американските избори

Поранешниот државен секретар на САД од времето на претседателот Џорџ Буш - помладиот Кондолиза Рајс изјави дека САД ќе ја казнат Русија за мешање во претседателските избори на САД, кога ќе сметаат дека тоа е неопходно, соопшти Life.ru.

Во интервју за телевизискиот канал PBS Кондолиза Рајс истакна дека САД треба да го сфати сериозно проблемот со Русија и го обвини Владимир Путин дека се одмаздува за сомнежите на американските власти за легитимноста на претседателските избори во Русија во 2012 година.

„Постојат начини да се справите дури и со непријателствата. Неопходно е да се каже на Русија: ние знаеме дека вие стоите зад тоа и кога ќе сметаме дека е потребно, ќе ве казниме за вашата постапка“, изјави Рајс.

Според неа САД е демократска земја со систематска контрола, баланс и слободни медиуми и таа нема никаква врска со Русија и Владимир Путин. Сепак поранешниот државен секретар призна дека САД имаат потреба од Русите за спасување на Сирија и за плановите за ограничување на Северна Кореја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња