Борис Џонсон се плаши од „руска интервенција“ на британските избори

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека руските власти можат да направат обид за мешање во текот на британските парламентарни избори.

Руската амбасада ги коментира изјавите на Твитер, соопштува Газета.ru. 

Во интервју за британското издание „Телеграф“ (The Telegraph) Борис Џонсон искажа стравувања од „руска интервенција“ на претстојните парламентарни избори во земјата. Според него руските власти „ќе се израдуваат“ доколку лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин победи во трката.

Руската амбасада во Велика Британија реагира на нападите, објавувајќи го на социјалната мрежа Твитер својот коментар на изјавата на Борис Џонсон.

„Борис Џонсон го надмина #Russiansdidit (Русите го направија тоа – заб. ред.): Сиромаштво на аргументи во предизборната кампања“, изјавија од амбасадата.

Според податоците на британски студии за изборите на 8 јуни Конзервативната партија на актуелниот премиер Тереза ​​Меј е лидер според бројот на поддржувачи, со оглед на тоа што шансите за нејзина победа, според „Телеграф“, се 48%. Втори фаворитите, се лабуристите, на чело со Џереми Корбин кои според првичниот студии ќе добијат околу 24% од гласовите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња