Во Менхетен ќе се отворат вратите на првото државно рускојазично училиште

Во Менхетен, кварт на Њујорк, во новата учебна година ќе отворат вратите на првото државно рускојазично училиште.

Ова го соопшти за ТАСС претседателот на руско-американскиот центар „Наследство“.

„Со новата учебна година во 145-то училиште во реонот на Колумбискиот универзитет започна програма, според која целата настава ќе се одвива на два јазика, - појасни таа. - Половина ден децата ќе учат општообразовни предмети на руски, половина ден - на англиски јазик . Освен тоа, во класовите ќе бидат запишани како деца на рускојазични семејства, така и на Американци чиј мајчин јазик е англискиот.


Во новата учебна година ќе стартуваат два класа по руски - подготвителен и прв, а со секоја наредна година ќе биде додавано по едено ново наставно одделение. Во секое одделение ќе се обучуваат 24 лица - 12 рускојазични и 12 деца чиј мајчин јазик е англискиот. „Повеќето родители кои сакаат да ги испратат своите деца во ова училиште се од мешани семејства во кои едниот од сопружниците зборува руски, а другиот е Американец - истакна Олга Иљашенко, еден од иницијаторите за отворање на училиштето. - Родителите сакаат нивните деца да заборават руски, да читаат литературата во оригинал, да пишуваат и зборуваат слободно на руски, да ги познаваат културата и традицијата“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња