Комплексот е изграден по нарачка на рускиот претседател како подарок за жителите на Палестина. МКСК се состои од 3 згради: петкатен музичко-монтажен центар со студио, четирикатен спортски комплекс со објекти за џудо и борба во класичен стил, како и шесткатен бизнис-центар со канцеларии, концертна сала, ресторани, трговска зона и подземен паркинг.
Проектот е реализиран од менаџерската служба на Кремљ со средства од небуџетски фондови во износ од околу 50 милиони амњерикански, доделен од непрофитната организација „Спонзорски фонд на Зија Бажаева“. Изградбата заврши во мај 2016 година, а во јули 2016 комплексот беше предаден на Палестина. Лоциран е на улица во Витлеем, која го носи името на Путин по неговата посета на градот во 2012 година. Во близина на МФСК се наоѓа и Рускиот центар за науки и култура, кој од 2014 година работи како општообразовно средно училиште, посветено на руско-палестинската дружба и со настава на руски јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче