Активностите на Владимир Путин како шеф на државата се одобруваат од 82.1% од граѓаните на Русија. Путин е и политичарот кон кого Русите имаат најголема доверба (49.2%), говорат резултатите од анкетата, спроведена од Серусиот центар за изучување на јавното мислење, пренесе во четвртокот (11 мај) изданието „Взгљад“.
Неодобрување за работата на Путин изразиле 12.3% од учесниците во анкетата. Кон работата на премиерот Дмитриј Медведев позитивно се однесуваат 52.8%, а негативно 34.3 отсто од анкетираните.
Работата на рускиот кабинет ја одобруваат 55.8% од Русите, а 32% изразиле неодобрување.
По Путин човекот на кого Русите му веруваат најмногу е министерот за одбрана Сергеј Шојгу (15.6%), следен од Медведев (15.5%), министерот за надворешни работи Сергеј Лавров (12.5%) и лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски (12.5%).
Недоверба кон Жириновски изразија 26.2% од испитаниците, кон Медведев 15.6%, а кон лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов 12.4%.
Според истражувањето, доколку се одржат избори за Државна Дума следната недела, резултатите ќе беа како следниве: „Единствена Русија“ – 49.3%, Либерално-демократската партија – 12.1%, Комунистичката партија – 10.5%, „Праведна Русија“- 5%, непарламентарни партии – 5.5%. Во исто време 11.1% од испитаниците изјавиле дека одбиваат да учествуваат на избори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче